Објавено на:

Шефот на Пентагон повторно заврши во болница

t

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој закрепнува од рак на простата, повторно е примен во болница во Вашингтон поради проблеми со мочниот меур и му ги префрли овластувањата на својот заменик, соопшти Пентагон.
Остин беше хоспитализиран во неделата, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, пренесува АП.


Иако Остин првично имаше намера да продолжи со своите должности и одговорности, подоцна беше објавено дека овластувањата ги префрлил на заменичката Кетлин Хикс.
Остин (70) беше примен во Медицинскиот центар на националната армија Волтер Рид Мериленд на 22 декември поради лекување на рак на простата.
Тој повторно се врати во болница на 1 јануари поради компликации, вклучително и уринарни инфекции.


Информациите за неговото хоспитализација беа откриени дури четири дена подоцна, а Пентагон во меѓувреме не прецизираше зошто министерот е задржан на лекување до 9 јануари.
Пред неколку дена беше објавено дека Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29 февруари во врска со неговото необјавување на дијагнозата за рак и последователната хоспитализација.
Неговите лекари претходно најавија дека прогнозата за лекување на ракот е добра и дека не е потребно дополнително лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…