Шефот на Пентагон: Помагањето на Украина е национален интерес на САД
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин предупреди дека исходот од војната во Украина ќе го обликува геополитичкиот поредок во светот во 21 век. Според него, стабилноста и просперитетот се загрозени од конфликтот на истокот на Европа.
Исходот од војната во Украина ќе помогне да се дефинира текот на глобалната безбедност на почетокот на 21 век. Ние во Северна Америка немаме опција да не се вклучиме. Стабилноста и просперитетот на двете страни на Атлантскиот Океан се во прашање. „Руската воена операција ги прекрши правилата на меѓународното право што не чуваше сите нас безбедни“, рече Остин на безбедносниот форум во Халифакс, Канада.
Шефот на Пентагон изјави и дека помагањето на Украина е од национален интерес на САД и дека нема друга опција освен да се продолжи бидејќи тешко дека наскоро ќе започнат мировните преговори. Остин истакна дека, и покрај превласта во воениот потенцијал, Русија не успеа да ја победи Украина, која сега ја очекува сурова зима, бидејќи руските сили продолжуваат да ја напаѓаат инфраструктурата.
Украинскиот народ попрво би бил без парно и струја отколку да седне на преговори со Русија. Америка нема да биде вовлечена во војна што ја започна Владимир Путин, претседателот на Украина – порача Остин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Трамп бара дополнителни 350 милијарди долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Сенатот…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…