Шефот на португалската дипломатија утре во посета на Македонија: Ќе се сретне со Османи, Пендаровски, Ковачевски

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на Жоао Гомеш Кравињо, шефот на дипломатијата на Португалија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.

Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.

Покрај средбата со својот хомолог, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Португалија протести поради трошоците за живот…

Неколку движења за правата на станарите и…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…