Објавено на:

Шефот на СЗО побара од Израел да ги укине ограничувањата за медицинска помош во Појасот Газа

t

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Израел да ги укине ограничувањата за испорака на помош во Појасот Газа, велејќи дека главниот пат од Египет за испорака на итна медицинска помош до енклавата е блокиран.

Тедрос на прес-конференција во Женева предупреди дека Палестинците се соочуваат со глад и недостиг на основни лекови и медицински материјали во болниците.

Тој ја опиша ситуацијата во енклавата како „повеќе од катастрофална“.

Директорот на СЗО предупреди дека околу 700 тешко болни Палестинци се заглавени во воената зона, бидејќи не можат да бидат евакуирани и одведени на лекување.

Според него, во северниот дел на Појасот Газа останале само две функционални болници. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има…

Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална…

МВР со важен апел до родителите: Препознајте…

Министерството за внатрешни работи упатува апел до…

Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…

Унгарија се очекува да го повлече ветото…

ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува светскиот економски…

Вештачката интелигенција во 2026 година за првпат…

Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по…

Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа,…