Шефот на украинското разузнавање Буданов тврди дека можно е да биде постигнат договор за прекин на огнот до крајот на годинава
Шефот на Украинската воена разузнавачка служба ХУР, Кирило Буданов изјави дека Украина и Русија би можеле да постигнат договор за прекин на огнот до крајот на годинава.
-Мислам дека годинава ќе постигнеме прекин на огнот. Колку долго ќе трае или колку ќе биде ефективно е друго прашање, рече Буданов.
Според него, „повеќе компоненти“ потребни за постигнување договор се веќе подготвени, што укажува на можноста за договор во наредните месеци.
Сепак, Буданов изрази сомневање за ефикасноста на какви било мировни сили кои би можеле да бидат распоредени во Украина.
-Покажете ми барем една земја во светот во која имаше влијание распоредувањето мировни сили, порача Буданов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…
Србија го раскинува договорот со зетот на…
Српската влада донела одлука за раскинување на…