Шефот на Хамас пристигна во Египет за да разговара за примирјето

t

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије денеска пристигна во Каиро на разговори за ситуацијата во Газа, објави палестинското исламистичко движење во момент кога од Хамас и Израел доаѓаат сигнали за поддршка на ново примирје во војната.

„Ханије пристигна во главниот град на Египет на разговори со египетските власти за развојот на ситуацијата поврзана со ционистичката агресија во Појасот Газа и за многу други прашања“, се вели во соопштението на Хамас.

Извор од Хамас вчера изјави дека лидерот на движењето ќе отпатува во Египет за да разговара со шефот на разузнавањето на земјата, Абас Камел, за прекин на огнот во Појасот Газа и размена на затвореници со Израел.

Израелскиот претседател Исак Херцог вчера пред група амбасадори од 80 земји изјави дека Израел е подготвен за втора пауза во конфликтот со Хамас во замена за ослободување на уште заложници од Појасот Газа.

За време на еднонеделното примирје на крајот на ноември беа ослободени 105 заложници, во замена за ослободување на 240 палестинки и малолетници од израелските затвори, јавуваат израелските медиуми.

Пред да пристигне во Каиро, Ханије се состана со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во катарската престолнина Доха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО ГОКК со детали за акцијата: Запленети…

Во рамките на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата…

Земјотрес во Македонија, епицентарот бил во близина…

Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на…

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници…

За една недела: Казнети 1.576 возачи за…

Вкупно 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на…