Објавено на:

Шефот на IEA предупредува: „Ни се заканува најголем енергетски шок во историјата“

t

Азиските земји веќе чувствуваат сериозни последици од прекините во снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток, додека Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна до мај.

Според Бирол, актуелната криза е посериозна од нафтените шокови од 1973 и 1979 година, како и од енергетската криза поврзана со војната во Украина во 2022 година.

Клучен фактор е контролата врз Ормутскиот теснец каде што Иран воведе ограничувања за пловидба, значително намалувајќи ја глобалната испорака на нафта.

Проценките покажуваат дека испораките се намалени за повеќе од 12 милиони барели дневно – значително повеќе од претходните глобални кризи.

„Април ќе биде многу полош од март. Во март сè уште имаше испораки, но во април – нема ништо“, предупреди Биrol.

Како одговор, членките на IEA веќе пуштија рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, но според него тоа е само привремена мерка.

„Тоа може да го ублажи проблемот, но не и да го реши“, нагласи тој.

Дополнителен проблем е оштетувањето на околу 40 клучни енергетски објекти во регионот, што ќе бара време за обновување.

Најголемиот ризик, според IEA, е недостигот на дизел и авионско гориво – тренд што веќе е видлив во Азија, а наскоро се очекува да ја погоди и Европа.

„Ни се заканува многу голем пореметување – најголемиот во историјата“, заклучи Бирол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…