ШЕШЕЉ И ВУЧИЌ ЗАЕДНО НА ИЗБОРИ: Коалицијата ќе важи само за локалните, не и за парламентарните избори

t

Претседателот на ултранационалистичката Српска радикална странка (СРС) и хашки осуденик Воислав Шешељ најави дека неговата партија ќе настапи заедно со матичната партија на претседателот Александар Вучиќ, Српска напредна странка (СНС), на локалните избори во Србија.

– Имав разговори со Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ и со Дарко Глишиќ, па се договоривме СРС да коалицира со СНС на изборите во Белград и на општинските и градските избори во внатрешноста на Србија – ​​изјави Шешељ.

За разлика од овие, Шешељ најави независен настап на неговата партија на парламентарните избори во Србија кои заедно со локалните ќе се одржат на 17 декември велејќи дека помеѓу двете партии постојат разлики на републичко ниво и затоа на овие избори ќе се оди со посебни листи.

– Но, ако е неопходна поширока коалиција на републичко ниво, ако прогресивците не можат сами да формираат влада или не можат заедно со социјалистите, тогаш ние сме подготвени да влеземе во владата со нив. Сигурно никогаш нема да го направиме тоа со прозападната опозиција – рече Шешељ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Малореканска Летна Школа – По патеките на…

Во селото Тресонче на 30 август ќе…

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…

Израел продолжува да изведува целни убиства на…

Во делови од земјата појава на град,…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…