Шидер: Ако продолжи со ова темпо на реформи, Албанија ќе биде во ЕУ до 2029 година

t

Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер, изјави дека интеграцијата на Албанија во Европската Унија може да се постигне во рамките на oваа деценија.

Според него, доколку албанскиот парламент и влада го одржат ова темпо на спроведување реформи, членството во ЕУ може да се постигне во рамките на мандатот на сегашниот Европски парламент, кој истекува на крајот од 2029 година.

Тој учествуваше на форумот „Уште неколку чекори до ЕУ“, во приморскиот град Валона, организиран од амбасадорот на Албанија во Австрија, Фатех Велај, а со учество на амбасадорите на ЕУ акредитирани во Албанија и министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали.

Шидер рече дека Европа ќе биде комплетна само кога целиот Западен Балкан, а особено Албанија, ќе биде дел од неа.

„ Откако доби статус на кандидат, Албанија природно се посвети на брз напредок и спроведување реформи. Интеграцијата во ЕУ ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Надвор од техничките аспекти што се однесуваат на судството, економската модернизација, јавната администрација, зголемената транспарентност на медиумите, образованието и други области, членството во ЕУ им носи на граѓаните, особено на младите, повисок животен стандард, а во исто време вклучува придобивки, предизвици и одговорности во сите сектори, изјави Шидер.

Тој нагласи дека европската интеграција е проект на целото општество и секој граѓанин мора да биде вклучен во него.

-Интеграцијата во ЕУ не е само владин проект, туку и проект на целото општество: бизниси, работници, ученици, студенти, научници и секој граѓанин. Секој мора да се вклучи во овој потфат. Тоа беше сон во 1990-тите и ние во Австрија го споделувавме овој сон дури и пред да се приклучиме кон ЕУ. Сега го гледам истиот сон во Албанија, посочи Шидер, објави АТА.

Верувам, додаде, дека „проширувањето не е само напор од страна на Албанија, туку и можност за целата Европска Унија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…