ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ: Америка нема да дозволи Украина да користи балистички ракети

t

САД нема да дозволат Украина да користи балистички ракети со долг дострел ATACMS, кои Украина ги користи во пограничните области со Русија, со цел да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот.

Според Тајмс, САД може да и дозволат на Украина да користи британски и француски ракети со долг дострел за да гаѓаат цели во Русија, а Лондон и Париз се согласуваат.

Ова конкретно се однесува на францускиот еквивалент на ракетите ATACMS, Scalp, како и британско-француските ракети Storm Shadow.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе биде принудена да донесува одлуки врз основа на заканите создадени на овој начин.

– Тоа ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. А ако тоа се случи, тогаш, земајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат – рече Путин, а пренесува Тас.

Путин истакна дека земјите од НАТО не само што разговараат за можноста украинската армија да користи ракети со различен дострел, туку и за директно учество во војната.

– Само воениот персонал на НАТО може да ги контролира летовите на овие ракетни системи. Тоа е можно само со помош на сателитски разузнавачки информации, кои Украина ги нема. Поентата е да се донесе одлука дали земјите од НАТО треба да бидат директно вклучени во конфликтот или не – посочи Путин.

Тој изјави дека Западот веќе учествува во напади на руска територија со помош на беспилотни летала и други средства што ги користи Украина.

– Но, кога станува збор за употреба на високопрецизно оружје со долг дострел од западно производство, тоа е сосема друга приказна – рече рускиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јужна Кореја ја разгледува заштитата на своите…

Конфликтот околу Иран постепено добива сè поширока…

Светската економија влегува во опасна комбинација: скапа…

Економистите повторно почнуваат да употребуваат еден од…

(Видео) САУДИСКА АРАБИЈА ПОД ТРЕВОГА: Аларми во…

Нова драматична ноќ во Саудиска Арабија. Властите…

(Видео) МИСТЕРИОЗНА ЗАКАНА НА АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА:…

Мистериозна и исклучително остра радио-порака, за која…

Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…

Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…