Шокантна изјава на Медведев: По нападот на Кремљ не преостанува ништо друго освен физичка елиминација на Зеленски
По денешниот терористички напад не остана ништо друго освен физичка елиминација на Зеленски и неговата клика, напиша на својата Телеграм заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Не е потребен ниту да го потпише актот на безусловна капитулација, додаде Медведев, коментирајќи го синоќа нападот со беспилотни летала врз московскиот Кремљ.
Ниту Хитлер не го потпишал, како што е познато. Секогаш ќе има замена, како што е адмирал Дениц“, заклучи Медведев.
Претходно прес-службата на Кремљ соопшти дека во текот на ноќта режимот на Киев се обидел со беспилотен авион да изврши напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Два авиони беа онеспособени. Во нападот нема жртви или материјална штета. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави за Спутник дека претседателот во тоа време не бил во Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…