Шокантни детали за монструмот Коста: Барал да си ја украси елката и да го види кучето, а вчера скокнал од кревет прашувајќи за НЕА
Монструмот Коста Кецмановиќ (14), продолжува да ги шокира лекарите и болничкиот персонал од психијатриската установа во која се наоѓа.
Во минатото имал голем број бизарни желби, како на пример да бара да го пуштат дома за да може да ја украси елката, да си ја смени фризурата, да го донесе кучето во болница да го види… Коста дури имал и морничава музичка желба пред неколку дена.
Вработените во болницата мислеле дека веќе ништо не може да ги изненади, но се покажало дека не биле во право, открива извор од Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, пренесуваат српските медиуми.
– Лекарите генерално имаат проблем со него бидејќи не може да спие навечер, а понекогаш, кога спие, станува среде ноќ и одбива да продолжи да спие. Сепак, вчера му се случи нешто сосема неочекувано. Скокна од креветот и отиде да се распраша за својата сестра која долго време ја немаше спомнато, односно зборуваше за неа само на почетокот на престојот овде, вели нивниот соговорник.
Важно е да се напомене дека Коста од почетокот на лекувањето никогаш не го спомна своето семејство, освен кога рече дека сака да ја види мајка му како страда, но не и се обраќаше со нејзиното име или како мајка, туку исклучиво со заменката “таа”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее…
Соопштение на ВЛЕН Свесното жртвување на обвинението…
Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…
По периодот на зголемен број стомачни тегоби…
Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…
Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…
Тепачка во угостителски објект во Тетово –…
МВР информира дека рано утринава околу 02:00…
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…