Шокантни податоци од американското разузнавање: Путин веќе го распореди нуклеарното оружје
Нема сомнение дека Русите го распоредиле своето нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на американското разузнавање.
Имено, Владимир Путин пред еден месец на Економскиот форум во Санкт Петербург се пофали дека во Белорусија пристигнала „првата серија“ нуклеарно оружје, но за тоа немаше конкретни докази.
Сега американските разузнавачи велат дека нема причина да не му веруваат на Путин, кој на тој начин дополнително ги зголемува безбедносните тензии и закани. Сепак, американските разузнавачки извори велат дека и покрај фактот што Русите ги распоредиле своите нуклеарни боеви глави во белоруските складишта, тие не веруваат дека тоа ќе го наруши глобалниот „нуклеарен пејзаж“ или ќе го зголеми „ризикот од нуклеарен инцидент“.
Додуша, Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори, вели дека е тешко да се следи „трагата на движење“ на таквото оружје дури и преку сателити од вселената, но тоа е таму. Да потсетиме, на почетокот на годината белорускиот лидер Александар Лукашенко најави дека руското нуклеарно оружје ќе биде пренесено во Белорусија, дека белоруските воени авиони ќе бидат снабдени со нуклеарни ракети и дека нивните пилоти добиле специјална обука во Русија за ракување со ракети со нуклеарно полнење.
Меѓутоа, неодамна се појавија информации дека белоруските складишта се уште не се модернизирани за прифаќање на такво оружје, но американските разузнавачки извори тврдат дека во областа има доволно капацитети од советската ера кои можат да прифатат такво оружје.
„Продолжуваме активно да ги следиме извештаите за руско-белорускиот договор за да се осигураме дека Русија има контрола над своето оружје доколку е распоредено во Белорусија и дека ќе ги исполни своите обврски од Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Внимателно ќе ги следиме сите чекори на руската страна“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Разузнавачите не веруваат дека Александар Лукашенко ќе има некаква контрола врз тој нуклеарен арсенал и дека целосно ќе го контролира само Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Индија се откажа од купување на руските…
Индија го откажа договорот со Русија за…
Џеј Клејтон e нов директор на националното…
Сенатот на САД го потврди назначувањето на…
Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!
Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…
КБС ќе добијат ново оружје во вредност…
Косовските безбедносни сили наскоро треба да добијат…