Објавено на:

Шокантно признание од поранешниот советник на Зеленски: „Украинците ќе паднат, jа пропуштивме шансата за победа“

t

Алексеј Арестович, поранешниот советник на шефот на кабинетот на Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кажа дека украинските сили ја пропуштиле шансата да победат.

„Ја пропуштивме не само воената шанса, изгубивме време, а Русите ја почнаа мобилизацијата, ја „средија“ ситуацијата на фронтот и на некои метса дури остварија супериорност. Не само што Западот не ни даде оружје, ние ја пропуштивме внатреполитичката и државна шанса“, порача Арестович во видеоснимка објавена на Телеграм.

Тој истакна дека Киев ја пропуштил шансата да добие навремена и целосна воена поддршка од западните земји, и додаде дека, според него, целиот украински народ ќе „падне“.

Тој смета дека сега постои разлика на боиштето, во споредба со почетокот на војната, кога украинската војска „погодувала со секој проектил“, додека сега „се покажуваат недостатоците“.

Кабинетот на Зеленски претходно неделава ја прифати оставката на Арестович на местото советник на шефот на кабинетот.

Арестович на 14 јануари изјави дека причина за уништувањето на дел од станбена зграда во Дњепропетровск е резултат на дејствувањето на украинската противвоздушна одбрана. Подоцна тој ја повлече спорната изјава објавувајќи дека поднел оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…

Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…