Шокантно: Руската елита размислува за атентат на Путин?

t

Украинското министерство за одбрана тврди дека руската елита ја разгледува можноста за атентат врз рускиот претседател, Владимир Путин.

-Труење, ненадејна болест, несреќа – руската елита ја разгледува можноста за смена на Путин, стои во објавата на Фејсбук страницата на украинското Министерство за одбрана.

Украина наведува дека зад сето ова стои група влијателни луѓе кои се во опозиција на Путин. Станува збор за, велат, политичка и бизнис елита.

-Нивната цел е да го тргнат Путин од власт што е можно поскоро и да воспостават економски врски со Западот, кои беа уништени од војната, се додава во објавата.

Според Украинците, тие го гледаат шефот на ФСБ Александар Бортников како наследник на Путин.

-Значајно е што самиот Бортников неодамна падна во немилост на Путин. Официјалната причина за неговиот пад е фаталната проценка на војната во Украина, соопшти украинското министерство.

Бортников и неговиот оддел, според соопштението, биле задолжени за анализа на состојбите меѓу луѓето во Украина, како и за проценка на капацитетот на украинската армија.

Украинското министерство понатаму наведува дека Бортников и некои влијателни претставници на руската елита разгледуваат различни опции како да го тргнат Путин од власт.

Тврдат дека оваа информација дошла од руска страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Црна Гора спречен атентат со снајпер…

Во текот на оваа недела, во Црна…

Русија тврди дека и Полска е вмешана…

Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот…

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за…

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот…

Застрелан заменик-шефот на руското воено разузнавање!

Заменик-шефот на руската воена разузнавачка служба е…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…