Шокантно тврдење на албански медиум: Можна размена на територии на Балканот – Македонија ќе исчезне!

t

Според независната германска аналитичарка Јохана Дејмел, која е и експерт за Западен Балкан и Југоисточна Европа, територијалната размена меѓу Косово и Србија може да се врати на дневен ред.

„Ако потоа го насочиме вниманието кон Вашингтон, каде што победата на изборите на Доналд Трамп станува се поверојатна, Србија и Приштина исто така ќе се најдат во нова геополитичка и безбедносна средина. За Калас тоа може да значи и дека размената на територии е повторно на дневен ред“, рече меѓу другото Јохана Дејмел.

Дека промената на границите може да се врати на сцена вели и безбедносниот експерт Дризан Шала.

„Геополитичката ситуација се менува и се обликува во форма на директното влијание на геостратегијата која ги подрива темелите на колективната безбедност во регионот на Западен Балкан. Стратегијата за државите кои произлегоа од војните од 90-тите сега се менува и меѓународниот фактор во тивка форма разбраа дека дефиницијата на државните граници ќе мора да се промени, зајакнувајќи ги трите држави на Балканот кои се приближно воено, политички и економски моќни (Албанија, Хрватска, Србија) и имајќи ги во предвид овие три постулати на класичната школа за безбедност, можеме да кажеме дека потребата за размена на територии дефинитивно може да биде во центарот на вниманието на политичката елита по промените на претседателските избори во САД“, вели Шала за „Бота сот“.

Според него, доколку дојде до промена на границите на Балканот, тогаш би било загрозено постоењето на Црна Гора и Северна Македонија.

„Во моментов кога има обидот за рушење на Дејтон и Рамбује, ваквата ситуација несомнено ќе ги стави Црна Гора и Северна Македонија под знак прашалник дали ќе постојат, таму сега се води посебна хибридна војна за ако се случи тоа, да има влијание на политиката на Белград во владите во тие земји“, објаснува Шала.

„Значи, сегашните влади во Приштина и Тирана мора да разберат дека треба да создадат силна основа на надворешната политика, така што во моментот на промени на економските, политичките, државните и воените граници, тие ќе бидат во поволна позиција за спроведување на размена на територии кои се очекува да бидат во интерес на албанската нација преку евентуална промена на границите во форма на територијална размена“, заклучува експертот за безбедност, Дризан Шала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не можат со голи раце против Русите:…

Украина не може да опреми 14 бригади…

Путин: Талибанците се сојузници на Русија во…

Движењето „Талибанците“ ја контролира владата во Авганистан…

Џон Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие…

РУСКА ОФАНЗИВА НЕ ВИДЕНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА…

Во втората половина на јуни, Русите почнаа…

(Фото) СЕКОЈА ЧЕСТ: Елмас заработува милиони, но…

Додека најголем дел од најдобрите европски фудбалери…