Шок во Дортмунд: Борусија добилa сметка за струја од – десет милиони евра!
Големата енергетска криза и огромното поскапување на струјата не е проблем само за малите и сиромашни држави како нашата туку и на богатите и развиените, а од тоа не куртулуваат ниту најмоќните фудбалски клубови, меѓу кои е и Борусија Дортмунд, чија управа воведе мерки за штедење откако ја добиле последната сметка за електрична енергија.
„Милионерите“ наместо досегашните четири милиони евра, сега годишно за струја ќе мора да издвојат огромни десет милиони евра, што е голем удар дури и за нивниот буџет.
„Управата презеде драстични мерки за штедење, а целта е да ја намалиме потрошувачката на енергија во сите наши недвижности за 15-20 отсто“, изјави директорот на Борусија, Карстен Крамер.
Стадионот „Сигнал Идуна Парк“ повеќе нема да свети навечер, а ќе биде изгаснато и логото на клубот високо еден метар. Драстично ќе биде намалено користењето на рефлекторите, а ќе биде исклучено греењето и осветлувањето на теренот. Греењето во ВИП просториите ќе се вклучува само за време на средбите.
Поскапата струја им направи проблеми и на останатите тимови од првата и втората Бундеслига, а најконкретен во борбата со трошоците е второлигашот Нирнберг, кој објави сезонава нема да игра под рефлектори туку само преку ден, со цел што побезболно да ја мине кризата.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Mоже да тргнeме во масовни напади…
Американскиот претседател Доналд Трамп се приближува до…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Едно лице загина од шрапнели од дрон…
Еден човек загина, а двајца се повредени…
„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…