ШОК за Русија: Украина тврди дека е ранет Валериј Герасимов, врховниот командант на армијата
Валери Герасимов, врховен командант на руската армија, наводно бил ранет во Украина.
Веста за наводното ранување ја објави германски Билд, повикувајќи се на украински медиуми и официјални претставници. Информациите засега не се потврдени. Сепак повеќе медиуми јавуват дека Герасимов (66) наводно бил погоден од шрапнел во десната нога. Нема опасност по неговиот живот, се додава. Веста за ранувањето на Герасимов ја објави и поранешниот украински министер за внатрешни работи, Арсен Аваков.
Повредите, пишува „Дејли Мејл“, се случиле вчера во близина на Изум. Во истиот напад на командниот центар на руската армија, според советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, загинале неколку високи руски воени офицери.
Герашченко не пишува за ранувањето на Герасимов, но вели дека се знае дека бил таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…