Шок од германкиот министер за одбрана: Прифатливи се ограничени операции на Украина на руска територија
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека ограничените напади на Украина на руска територија се прифатлива тактика се додека не се убиени цивили, пишува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
„Сè додека нема напади врз градови, цивили и цивилни области, тоа мора да се прифати како нешто неопходно. Сосема е нормално во такви воени конфликти страната што е нападната да напредува на непријателска територија, на пример, да ги прекине линиите за снабдување“, рече Писториус.
Зборувајќи за „црвените линии“ во прашањето за испорака на оружје, министерот нагласи дека при донесувањето одлука за воена помош за Киев, Западот треба да земе предвид „како се води конфликтот“.
„Ако Украина бара одредени видови бомби кои се забранети во целиот свет, тогаш треба да кажеме „не““, рече Писториус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…