Објавено на:

ШОК – Стојанче Стоилов најавува крај на репрезентативната кариера!

t

Македонската ракометна репрезентација по осми пат ќе игра на Светските првенства, откако вечерва во баражот ја совлада Чешка со 27:25 во Скопје.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја пред огромна поддршка од околу 7.000 гледачи во СЦ „Борис Трајковски“ да ја исполнат целта, ново учество на Мундијалите.

Пивотот на Вардар 1961, Стојанче Стоилов исто така е среќен и задоволен од настапот и новиот голем успех на националната селекција, и воедно ја информираше јавноста дека дуелот со Чешка беше неговиот последен за Македонија.

– Честитки до Чешка и Сабате, и благодарам на убавите зборови. Среќен сум што победивме и се пласиравме на Мундијалот. Што се однесува на репрезентативната кариера, јас после 15 години со гордост најавувам дека ја завршувам мојата репрезентативна кариера. Кире фала ти се, Жути го остави здравјето во селекцијата, затоа е мојата одлука. Не сакам да им земам минути на помладите, Пешевски заслужува повеќе шанса. Нека се случи таа смена на генерација, да се ослободат од нас постарите. Не можам здравствено да издржам цела сезона, едноставно нема одмор, телото не ми издржува, благодарам на јавноста, ми беше чест – изјави Стоилов на прес конференцијата.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна…

Во националниот парк Маврово, но и на…

Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…