Шоле во “проверка” на Западен Балкан: Најпрво доаѓа во Македонија

t

Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле денеска ја започнува тридневната посета на Западен Балкан, а за време на посетата ќе пестојува во Скопје, Приштина и Белгад.

Шоле денеска најпрво пристигнува во Скопје, каде ќе разговара со владини претставници за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Потоа патува за Приштина, каде што ќе разговара за напорите на САД да помогнат во унапредувањето на евроатлантската интеграција „преку дијалог со поддршка на ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирана на взаемно признавање”, соопшти Стејт департментот.

Шоле утре ќе престојува во Белград, каде со српското раководство ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристапување во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна воен авион на Војската на…

Во близина на населените места Нова и…

(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…

Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…

Новиот состав на српското Собрание денеска на…

Конститутивната седница на новиот состав на Собранието…

19-годишен Македонец уапсен на српско-хрватската граница: ПРЕД…

Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен на српско-хрватската…

Уапсен е декан во Нови Сад –…

Деканот на Факултетот за спорт и физичко…