Шолц: Ако сите во Европа почнат да ги прелистуваат историските книги таму каде што некогаш биле границите, ни претстои мошне вознемирувачки период
Шолц рече и дека руското признавање на двата региони Луганск и Доњецк не е во согласност со меѓународното право и дека го загрозува суверенитетот на Украина.
Не можеме да го прифатиме тоа“, рече Шолц, пренесе РТЛ. Тој додаде дека почитувањето на границите е важно за мирот во Европа.
„Ако сите во Европа почнат да ги прелистуваат историските книги таму каде што некогаш биле границите, тогаш ни претстои мошне вознемирувачки период“, додаде Шолц.
„Нашата денешна акција е одговор на агресивното однесување на Русија“, рече претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лаен на прес-конференција откако министрите за надворешни работи на ЕУ се договорија за санкциите кон Русија.
Ако Русија продолжи да ја ескалира оваа криза што ја создаде, ние сме подготвени да преземеме понатамошни активности како одговор.
Фон дер Лаен, исто така, посочи дека ЕУ мора да работи на тоа да биде помалку зависна од Русија за гас.
Европската Унија попладнево најави дека воведува санкции кон сите руски пратеници и кон уште 27 поединци/ентитети, но не и кон претседателот Владимир Путин.
Претстојните санкции „ќе ја заболат Русија, и тоа многу“, рече во Париз високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, говорејќи заедно со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…