Шолц во одбрана на Грција од Турција: Неприфатливо е еден партнер на НАТО да го оспорува суверенитетот на друг партнер
Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека е неприфатливо Турција како членка на НАТО да го оспорува суверенитетот на Грција, која е и членка на Алијансата.
„Не е прифатливо еден партнер на НАТО да го оспорува суверенитетот на друг партнер“, рече Шолц за време на официјалната посета на Атина во интервју за грчкиот весник „Та неа“.
„Тоа може да биде вистина доколку има повеќе или помалку скриени воени закани“, рече Шолц, кој во средата вечерта пристигна во Атина, а чиј престој денеска започна со посетата на Акропол со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Грција и Турција имаат тензични односи, особено поради морското разграничување во источниот дел на Средоземното Море.
Во последниве години, тој спор повторно стана актуелен со обидите на Турција да ги истражи наоѓалиштата на јаглеводороди во тој дел од Медитеранот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција, членка на Европската унија, дека ги „окупирала“ островите во Егејското Море чиј статус е решен со договори усвоени по Првата светска војна.
Тензијата дополнително се зголеми за време на неформалниот европски самит во Прага на почетокот на октомври, кога Мицотакис ја напушти официјалната вечера за време на говорот на Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената
Човекот кој треба да стане првиот грчки…
Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…
Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…
Грчки остров ќе им дава по 3.000…
Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…
Гркинка на 54 години роди девојче од…
Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот…
Девојка од 22 години стана прв тренер…
Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…