Објавено на:

Шолц најави дека ќе се заложи за трговски договор меѓу Европската унија и Индонезија

t

Во Германија по се изгледа дека се подготвува нов трговски договор.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе се заложи за трговски договор меѓу Европската унија и Индонезија, како дел од напорите на Германија да ја намали нејзината зависност од Кина за клучните суровини.

Говорејќи на отворањето на годишниот саем во Хановер, Шолц му рече на индонезискиот претседател Јоко Видодо дека трговскиот договор меѓу најнаселената земја во Југоисточна Азија и блокот од 27 нации ќе создаде економска област со 700 милиони луѓе.

„Работам на тоа овој договор конечно да ја постигне својата цел“, рече Шолц, мислејќи на преговорите меѓу Џакарта и Брисел кои траат од 2016 година, пренесе АП.

Германскиот канцелар додаде дека се надева на слични преговори меѓу ЕУ и блокот Меркосур во Јужна Америка, како и Мексико, Австралија, Кенија и Индија.

Индонезија е земја партнер на овогодинешниот саем за индустриска технологија во Хановер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…