Објавено на:

Шолц: На Германија не ѝ треба никакво нуклеарно оружје

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли предлозите дека Германија треба да има свои нуклеарни боеви глави.

-На Германија не и треба сопствено нуклеарно оружје“, истакна Шолц денеска за време на панел-дискусија и подвлече дека НАТО останува камен-темелник на европската безбедност.

Одговарајќи на прашање на конференцијата „Европа 2024“, Шолц рече дека и покрај одредени политички разлики меѓу САД и нивните европски партнери, трансатлантските врски остануваат силни.

-Можеби имаме различни геополитички оценки, но едно е сосема јасно, споделуваме вредности со демократијата и владеењето на правото. И тоа не прави различни од другите. Се разбира, ние сме посилни во трансатлантската Алијанса. Затоа, нема причина да се оспоруваат работи кои се толку вредни, а тоа се НАТО и трансатлантската соработка, рече Шолц.

Во последниве месеци, неколку германски политичари сугерираа дека Германија треба да го развие својот нуклеарен арсенал, заедно со партнерите од ЕУ, и да го намали своето наслонување на заштитата од САД. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Путин сака да ја уништи Украина,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остро предупредување…

Нов напад врз нафтената артерија на Саудиска…

Нова топлинска аномалија е регистрирана во близина…

Нафтата експлодира на светските берзи: Брент достигна…

Цените на нафтата продолжуваат со силен раст…

Димовски: Американците измислија летачка кола, кај нас…

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со…

Радев ја тестира цела Европа: По ветото…

Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…