Шолц побарал од Си да влијае врз Москва да прекине војната во Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека му рекол на кинескиот претседател Си Џинпинг во разговорите дека сака Пекинг да го искористи своето „влијание” врз Москва за да биде запрена војната во Украина.
„Му кажав на претседателот (Си) дека е важно Кина да го искористи своето влијание врз Русија”, рече Шолц и додаде дека „Русија мора веднаш да ги запре нападите под кои секојдневно страда цивилното население и да се повлече од Украина”.
Шолц го повика рускиот претседател Владимир Путин да го продолжи договорот што овозможува безбедно поминување на пратките со жито од Украина за да се избегне криза со глад.
„Го повикувам рускиот претседател да не одбива да го продолжи договорот за жито што завршува за неколку дена”, изјави Шолц при посетата на Пекинг.
Тој истакна дека „гладот не смее да се користи како оружје”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…
Хакиран билборд над автопат во Каиро: Наместо…
Билборд поставен над еден од главните автопати…
(Видео) Браво! Илјадници луѓе маршираат по улиците…
Десетици илјади граѓани маршираат во Тел Авив…