Шолц побара од Путин целосно повлекување на руските трупи
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди „целосно повлекување“ на руските трупи од Украина каде што се соочуваат со украинската контраофанзива.
„Во 90-минутниот телефонски разговор со рускиот претседател, Шолц инсистираше дека треба да се најде дипломатско решение што е можно поскоро, засновано на прекин на огнот, целосно повлекување на руските трупи и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Шолц.
Шолц, исто така, побара од Путин „целосно“ да го спроведе договорот за извоз на украински житарки.
-Украинската армија презеде речиси 6.000 квадратни километри територија од руските сили за време на контраофанзивата започната на почетокот на септември, изјави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…