Шолц: Путин веќе не може да победи во Украина

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не може да победи на бојното поле. На заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население“.

„Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку е и јасно кршење на меѓународното право.

Постапките на Русија уште еднаш покажаа колку е Путин безмилосен. Повторно апелирам до Путин да престане со бесмисленото убивање и целосно да ги повлече војниците од Украина и да се согласи на мировни преговори“, изјави Шолц, пренесува „Дојче веле“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…