Шолц: Путин не треба да ја потценува решителноста на НАТО да ги брани сите свои членки
Западот ќе ги распредели сите расположливи ресурси за да се осигура дека конфликтот во Украина нема да се прошири во другите европски земји, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во телевизиско обраќање до нацијата во четвртокот.
– Путин не треба да ја потценува решителноста на НАТО да ги брани сите свои членки. Ова експлицитно се однесува на нашите партнери во НАТО во балтичките земји, Полска и Романија, Бугарија и Словачка. Без „ако или но“ – рече канцеларот.
Шолц рече и дека самиот руски претседател Владимир Путин, а не рускиот народ, е одговорен за нападот врз Украина, но тој нема да победи.
– Напаѓајќи ја Украина, претседателот Путин сака да го врати времето назад. Но, нема враќање назад во 19 век, кога големите сили владееја над помалите држави, рече Шолц, пренесе Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…