Шолц: Сакам нашите пораки директно да стигнат до Путин
Директните контакти со рускиот претседател Владимир Путин се многу важни, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Колку и да е тешко, важен е директниот контакт, особено во време на криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до Путин“, изјави Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс Нихетер“.
На овој начин тој сака на рускиот претседател да му го претстави ставот на Западот во однос на руската инвазија во Украина.
Шолц смета и дека нормализацијата на билатералните односи со Москва не е можна во блиска иднина.
Да потсетиме, Шолц претходно на големата летна прес-конференција зборуваше за можноста за посета на Путин на Германија. Како што рече, услов за такво нешто би било крај на операцијата во Украина и мировен договор меѓу Киев и Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…