Објавено на:

Шолц се противи на употребата на западно оружје за напад на Русија

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека се противи на употребата на оружје што западните сојузници ѝ го даваат на Украина за напад на Русија.

Шолц изјавил за „АРД„“ дека во моментов не гледа причина за проширување на употребата на западно оружје во војната во Украина, пренесе украинска „Правда’.

„Постојат јасни правила за набавка на германско оружје кои се договорени со Украина и кои функционираат“, рекол Шолц во програмата „Тагешау“ на германскиот јавен сервис.

Тој додал дека ова е негов став. Целта на неговата политика кон Украина е „да спречи прераснување на конфликтот во голема војна“, додал Шолц, истакнувајќи дека до сега Германија ја условувала испораката на оружје за Украина со услов да не се користи на руска територија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во петокот ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

„Сега кога се водат многу борби во Харков, блиску до границата, ускратувањето на можноста на Украина да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија, им отежнува да се одбранат“, рекол тој во интервју за „Економист“.

Весникот наведува дека изјавата на Столтенберг била јасна, иако неименувана цел била политиката што ја водел американскиот претседател Џозеф Бајден, со која тој ги одредува целите кои Украина може да ги нападне со американско оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…