Шолц со порака: Уставните измени мора да се направат
Бугарија не смее да поставува нови услови и тоа е јасно договорено, пристапниот процес треба да биде редовен, според постапките на ЕУ. Зад тоа стојам јас, рече германскиот канцелар Олаф Шолц, кој му беше домаќин на македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Премиерот Димитар Ковачевски ги доби очекуваните гаранции и поддршката од Германија за време на неговата дводневна официјална посета на Берлин во разговорите со неговиот домаќин, канцеларот Олаф Шолц.
– Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што ги вложува земјата со реформи кон ЕУ. Сега од централно значење е промената на Уставот. Знам дека тоа не е едноставен чекор, но потребен е за да се ослободи патот кон ЕУ. Сакам да ја охрабрам Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања. Уште сега имаат сосема конкретни позитивни влијанија за граѓаните – порача Шолц.
Тој рече дека лично гарантира оти Бугарија не смее да има други билатерални услови за членството на Македонија во ЕУ: „Бугарија не смее да поставува нови услови и тоа е јасно договорено, пристапниот процес треба да биде редовен, според постапките на ЕУ. Зад тоа стојам јас“.
Премиерот Ковачевски му се заблагодари на канцеларот Шолц за резолуцијата што беше донесена во Бундестагот за признавање на македонскиот јазик, култура и историја. Тој потсети дека македонската Влада донесе многу тешки одлуки и дека отворањето на преговорите за членство во ЕУ е можност за подобра и побогата иднина на нашите граѓани.
– Процесот на преговори беше мачен и тежок, но факт е дека ние од тој процес излеговме како земја што успеала да се избори за своите позиции. Сега следува процесот на уставни измени. Очекувам дека сите партии ќе покажат државничко однесување и ќе донесат одлука што ќе биде подобра за нас, нашите деца и за иднината на земјата. ЕУ е наша единствена цел, а подобар договор од овој пред нас нема, ниту некој може да обезбеди – рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…
Новата рунда разговори за мир во Украина…
Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…
БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…