Шолц ја искара Меркел: Трошела многу, да ги намали трошоците!

t

Кабинетот на германскиот канцелар ја предупреди својата претходничка Ангела Меркел за преголемите трошоци што канцеларијата ги создава откако поранешната канцеларка ја напушти функцијата во декември минатата година, јавуваат германските медиуми.

„Се одржаа дискусии меѓу кабинетот на канцеларот и раководството на кабинетот на Ангела Меркел, кои се однесуваат на прилагодување на бројот на вработени во оваа канцеларија според потребите”, го пренесуваат германските медиуми интерниот допис од Министерството за финансии.

Понатаму се посочува дека Канцеларијата на поранешната канцеларка постои не поради „статусни причини”, туку поради „исполнување на обврските кои произлегуваат од мандатот на канцеларот, како и новосоздадените должности”.

Се нагласува дека, кога станува збор за функцијата на Канцеларијата, „исклучено е користење за приватни цели, како и за остварување дополнителен приход”.

Надомест на патни трошоци може да се разгледува само доколку поранешниот канцелар патува по наредба и заради интересите на Сојузна Република Германија”, се вели во писмото на Министерството за финансии до комисијата за буџет на Бундестагот. Во писмото не е прецизирано за кое конкретно патување станува збор.

Понатаму, критикуван е и преголемиот број вработени во канцеларијата. Според законот од 2019 година, Бундестагот финансира најмногу пет вработени за поранешните премиери: менаџер на канцеларија, двајца службеници, секретар и возач. По пет години бројот се намалува на четири лица.

Канцеларијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (Христијанско-демократската унија) во моментов вработува девет лица. Вработените во кабинетот на поранешната канцеларка се на платниот список на Канцеларот на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Владеачката коалиција во Германија со историски низок…

Владеачката коалиција во Германија со историски низок…

Шолц: Во Германија мора да постои нулта…

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска, на…

Фон Дер Лајен и Шолц искажаа осуда…

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер…

Шолц: ЕУ мора да го награди напредокот…

Единствената исправна одлука на ЕУ е да…