Шолц ја предупреди Британија: ЕУ ќе реагира едногласно
Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот го критикуваше обидот на Обединетото Кралство еднострано да го промени протоколот за регулирање на трговијата со Северна Ирска по Брегзит.
Забелешките дојдоа по средбата со словачкиот премиер Едуард Хегер во Берлин каде што нагласи Шолц дека „Се работи за несреќна одлука на британската Влада“
Германскиот канцелар Олаф Шолц ги критикуваше плановите на Владата во Лондон за унилатерална примена на Протоколот за Северна Ирска од договорот за брегзит.
– Тоа е отстапување од сите договори што ги постигнавме меѓу Европската Унија и Велика Британија. И нема причина за тоа. ЕУ ќе реагира едногласно, со сите расположиви алатки – рече канцеларот.
Властите на Велика Британија сакаат да ги укинат сите проверки на стоки договорени во протоколот за Северна Ирска за заштита на единствениот европски пазар и да ги заменат со доброволен договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…