Шолц: Ќе се ангажирам за визна либерализација на Косово во ЕУ
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази задоволство од соработката меѓу владите на Германија и Косово и повика на натамошен напредок во либерализацијата на визниот режим за Косово.
На заедничката прес-конференција по средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Берлин, Шолц рече дека разговарале за многу теми и најави посета на Приштина, пренесе Газета експрес.
Германскиот канцелар изјави дека визната либерализација за Косово е многу важно прашање на кое, како што рече, постојано му се посветува.
Сега мора да се постигне натамошен напредок во либерализацијата на визниот режим за Косово. Федералната влада го постави ова како цел во коалицискиот договор. За тоа истрајно и упорно се ангажирам во ЕУ, во разговори со партнерите, рече Шолц.
Тој ја спомена и регионалната соработка, велејќи дека „Германија со години е ангажирана во регионот во рамките на Берлинскиот процес“ и дека очекува оваа година да потпише четири важни договори во рамките на Берлинскиот процес, вклучително и создавање заеднички регионален пазар, слободно движење на луѓе и признавање на стручните дипломи.
По средбата, Курти рече дека Косово го поддржува Берлинскиот процес и заедничкиот регионален пазар во ЕУ, но не и другите паралелни иницијативи, како што е Отворен Балкан.
Според Еуроњуз Албанија, Курти го повторил своето барање за признавање на Косово од страна на пет земји-членки на ЕУ кои се уште не го признале, како и за визна либерализација за Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…