Шопова: Какви ни се системите уште многу долго ќе се продуцираат само кадар, но не и квалитет

t

Со политиката на Филипче и Заев ни заминуваат сите профили вработени во здравството, со политиката на Сали и Ковачевски се пензионираа врвни дефицитарни специјалисти, а одредени лекари се уште чекаат милост за да останат на своите работни места и да придонесат со својата стручност во пружање на здравствена услуга, во едуцирање млади кадри, констатира инфектологот Жаклина Шопова.

Коментирајќи ја веста дека јавното здравство моли за стручњаци од сите профили/

Какви ни се системите уште многу долго ќе се продуцираат само кадар, но не и квалитет:

👉Не може и не смее да се дозволи да медицинска сестра биде едуцирана вонредно во средното образование, да се преквалификува, да стане високообразована, а предходно да нема ниту еден ден работено како медицинска сестра,
👉Не може и не смее лекарите да се едуцираат од постарите специјализанти… и уште многу, многу други недостатоци!

А сегашниов наш министер за здравство со истиот премиер веруваат дека ќе ги средат сите проблеми, и ќе ги надополнат профилите коишто недостасуваат само со менување на одредени директори по здравствените установи за кои претходно се договориле, со преговори за повисоки плати, кои впрочем требаше многу одамна да бидат барем приближно на оние во земјите каде што ни бега здравствениот кадар, бидејќи и таму храната, средствата за лична хигиена, па и останато… се со иста цена, да неречам и поевтини отколку во оваа наша држава.

Затоа треба сите вие да си заминете што поскоро, но и да сносите одговорност и да одговарате пред народот, пишува Шопова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…

Од утре задолжителна зимска опрема за сите…

Од утре, 15 ноември, стапува во сила…

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…