Шојгу го посети Мариупол
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го посети Мариупол, град во источниот украински регион, кој беше окупиран од Москва, со цел лично да се увери во работите за обнова на регионот Донбас, соопшти руската армија.
Министерот Шојгу ги прегледа веќе реновираните згради и ги посети новите градилишта во Мариупол, соопшти армијата за обиколката на „зоната за специјална воена операција“, име кое Москва редовно го користи за војната во Украина.
Шојгу го посети медицинскиот центар и новата станбена област и му беше претставен планот за обнова на училиштата во Мариупол, пристанишен град што руските војници го зазедоа во мај по повеќемесечна опсада.
Според истиот извор, на министерот му бил презентиран и извештај за реставрација на голем аквадукт што ќе ја поврзе Народна Република Доњецк во источна Украина со руската Ростовска област.
Шојгу во саботата ја посети „командата“ каде се води крвавата битка за Бахмут, а на крајот на декември двапати ги посети зоните на „специјалните воени операции“ во Украина, јавуваат руските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…