Шојгу до украинските војници: Ќе пројдете како НАТО во Србија!
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу предупреди дека муницијата со осиромашен ураниум сериозно ќе влијае на здравјето на украинските војници, потсетувајќи дека тоа се случило и на Косово.
Во последната од низата реакции на Москва на најавата на Велика Британија за испраќање муниција со осиромашен ураниум во Украина, рускиот министер денеска потсети дека таква муниција била користена и од НАТО при бомбардирањето на Србија во 1999 година и дека имало негативно влијание за здравјето на војниците на НАТО.
Во интервју за телевизијата „Русија-1“, тој рече дека делумно се истражени последиците од неговата употреба.
„ Имаше последици по здравјето на оние кои ја користеа таа муниција. Имаше сериозни здравствени состојби и тие беа проучувани. Сепак, тие не испитале какво влијание имала муницијата врз оние против кои била употребена“, додаде рускиот министер, пренесува Тасс.
Британскиот заменик министер за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови „Челинџер 2“, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати со осиромашен ураниум.
Руската амбасада во Лондон ја предупреди британската влада да не го снабдува Киев со таква муниција. Според руските дипломати, овој чекор е полн со ризици за натамошна ескалација на конфликтот.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера предупреди дека најавата на Велика Британија дека ќе ѝ обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум значи дека остануваат „се помалку чекори“ до нуклеарен конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…
Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…
Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…
Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…
Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…
Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…
Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…
Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…
Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…
Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…