Објавено на:

Шојгу: Украина изгуби повеќе од 215.000 војници минатата година

t

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека руските сили ќе продолжат доследно да ги постигнуваат целите на „специјалната воена операција“ во Украина. Шојгу, на состанокот на военото раководство, рече дека Украина минатата година изгубила повеќе од 215.000 војници и 28.000 парчиња опрема, пренесе Тас.

„Ние ја одржуваме стратешката иницијатива по целата линија на фронтот“, истакна Шојгу.

Тој додаде дека во исто време, украинските војници ги исцрпуваат своите ресурси, а на бојното поле нема резултати.

Шојгу нагласи дека опремувањето на руската армија и морнарица со најсовремени оружја, вклучително и оружје базирано на технологии за вештачка интелигенција, ќе продолжи.

„Одржувањето на руската нуклеарна тријада во висока борбена готовност е една од клучните задачи доделени на Министерството за одбрана од рускиот претседател Владимир Путин“, рече Шојгу.

Тој најави дека Министерството за одбрана на Русија ќе го зголеми снабдувањето на армијата со најпотребното оружје, а особено ќе започне масовно производство на широк спектар на беспилотни летала, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски во видео за 35 години…

Опозицискиот СДСМ реагира на видеото што премиерот…

Нетанјаху му рече не на Трамп: Израел…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли планот…

Пронајдена дрога при претрес во Неготино, приведено…

На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино,…