Објавено на:

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии и недостигот на станови

t

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на генералниот штрајк во Шпанија на 11 ноември, според процената на здруженијата на станари. Првиот генерален штрајк во земјата од 2012 година беше организиран поради растот на кириите, иселувањата и недостигот на достапни станови. Зад 24-часовниот прекин на работата застанаа двата најголеми синдикати, УГТ и ЦКОО.

Одѕивот беше најголем во крајбрежните региони, пристаништата и автомобилската индустрија. Според синдикатите, учеството во автомобилскиот сектор достигнало 90 проценти, а производството целосно запрело во фабриката на „Фолксваген“ во Навара и во погонот на СЕАТ во Барселона. Протестни групи го попречија движењето на камионите кај големите пазари за снабдување во Мадрид, Барселона, Валенсија и други градови.

Дел од продавниците во Мадрид и Барселона останаа затворени, а штрајкот го наруши и јавниот превоз. Метрото во Барселона најави дека нема да сообраќа надвор од часовите со најголема гужва. Полицијата пријави 40 апсења до пладне, а синдикатите соопштија дека 20 демонстранти биле повредени при полициска интервенција и најавија кривична пријава.

Според процената на централната банка што ја пренесува „Ројтерс“, на Шпанија ѝ недостигаат околу 750.000 станови, а недостигот би можел да надмине еден милион до 2028 година. Советот на млади на Шпанија пресметал дека просечната месечна кирија од 1.176 евра е еднаква на речиси 99 проценти од просечната месечна плата на млад човек.

Станбената криза стана една од централните теми пред предвремените парламентарни избори на 29 ноември. Штрајкот следува по неколкунеделни протести, поттикнати од иселувањето и последователната смрт на 87-годишна жена во Мадрид. Парламентот минатиот месец ги одби владините уредби за ограничување на иселувањата и ублажување на притисокот од кириите. Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчез, според „Ројтерс“, заостанува во предизборните анкети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…

Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…

Владата не може да ги обезбеди законски…

КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…