Шпанија го oбвини Косово за kpшење на меѓунардното право
Шпанија останува на ставот дека не ја признава декларацијата за независност, која Приштина еднострано ја усвои во 2008 година, и смета дека тоа е еднострано и незаконски чин, соопшти шпанската влада.
Мадрид за приштинска „Газета“ наведува дека пристапот кон Белград и Приштина ќе биде многу конструктивен и дека се свесни за важноста од одржување контакт на двете страни.
„Од нив се бара да ја прифатат неизбежноста на договор кој го почитува меѓународното право, дури и со тешките задачи што тоа ќе ги носи“, рече Патриша Тортоса од Канцеларијата за информирање на шпанското Министерство за надворешни работи.
Тортоса истакна дека прогласувањето независност е чин спротивен на меѓународното право .
За пишувањето на некои медиуми дека Шпанија ќе отвори канцеларија за трговија и култура во Приштина, Тортоса рече дека „нема што да се пријави“.
Од Министерството за надворешни работи на привремените приштински институции потврдија дека односот на Шпанија кон Косово и Метохија не е променет, но тврдат дека има контакти меѓу Приштина и Мадрид, наведува „Газета“.
Што се однесува до најавата дека Шпанија ќе отвори канцеларија за трговија и култура, тие рекоа дека „никогаш не коментираат процеси од ваков карактер“, пренесе Танјуг.
Шпанија е една од петте членки на Европската унија која не ја признава еднострано прогласената независност на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…
Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…