Шпанија е светска престолнина на туризмот со рекордни 10 милиони туристи
Околу 10,3 милиони странски туристи ја посетија Шпанија во мај, што е за 9,5 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година и претставува нов рекорд за мај, објави денес Шпанскиот национален институт за статистика (INE).
Најмногу туристи се од Велика Британија, речиси 2,2 милиони, што е зголемување од 6,1 процент во споредба со мај минатата година. По нив следуваат Франција со околу 1,3 милиони посетители и раст од 11,1 проценти, како и Германија, од каде што пристигнале приближно 1,3 милиони туристи, односно девет проценти повеќе од претходната година. Најголемиот број посетители, околу 5,4 милиони, престојувале во Шпанија помеѓу четири и седум ноќевања, што е за 14,1 процент повеќе отколку во мај 2025 година.
Бројот на еднодневни посети на Шпанија се зголемил за 2,7 проценти, додека бројот на туристи кои престојувале подолго од 15 ноќевања се намалил за 3,7 проценти. Каталонија беше најпосетуваниот шпански регион, со удел од 21,1 процент од вкупниот број на странски туристи, пред Балеарските Острови со 20,6 проценти и Андалузија со 15,9 проценти.
Повеќе од 36,8 милиони странски туристи ја посетија Шпанија од почетокот на годината до крајот на мај, што е зголемување од пет проценти во споредба со истиот период минатата година, според соопштението на веб-страницата на INE.
Меѓународните туристи потрошија рекордни 13,55 милијарди евра во Шпанија во мај, што е за 10,9 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека просечната дневна потрошувачка се искачи на 214 евра. Просечната потрошувачка по турист изнесувала 1.321 евра, што е за 1,2 проценти повеќе во споредба со мај 2025 година. Во периодот од јануари до крајот на мај, меѓународните туристи потрошиле вкупно 50,26 милијарди евра во Шпанија, што е за 7,8 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…
Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…
Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…