Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на границата по најавите за нов масовен упад во Сеута
Илјадници шпански и марокански полицајци и војници денеска се распоредени долж границата со Сеута, откако на социјалните мрежи се појавија повици за нов масовен обид на мигранти да влезат во оваа шпанска енклава на северот од Мароко, каде што засега ситуацијата е мирна.
Властите во Мадрид и Рабат ги следат спорните објави на интернет и го координираат заедничкиот одговор, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Реакцијата следува откако минатиот месец во овој шпански град пристигна рекорден број од 72.000 мигранти, по што во вирални објави на социјалните мрежи беше предложено сличен масовен упад да се организира в сабота, на 15 август, кога во Шпанија се одбележува државен празник.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Мароко, Рашид Ел Калфи, потврди дека нивната земја ги презема сите неопходни мерки за да спречи каков било обид за илегално преминување на границата, при што мароканските медиуми веќе известија за значително зголемување на безбедносните сили во близина на пограничниот град Фнидек.
Од друга страна, безбедносните сили во самата шпанска енклава се дополнително засилени со 300 полицајци и 2.000 војници. Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, лично пристигна во Сеута за да ја провери граничната инфраструктура и новата пловечка морска бариера, чија цел е да го спречи влезот на мигранти кои се обидуваат да препливаат до градот.
– Ова го правиме за да го одвратиме секој што има намера нерегуларно да влезе во Сеута и Мелиља. Никој од нив нема да остане во Сеута, никој од нив нема да стигне до Пиринејскиот Полуостров и никој од нив нема да добие легален статус – упати децидна порака министерот Гранде-Марласка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…
Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…
Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…