Шпанија ја зафати топлотен бран, температури околу 30 степени

t

Во Шпанија, која ја погоди топлотен бран среде јануари, денеска се регистрирани температури од околу 30 степени Целзиусови, соопшти локалната метеоролошка служба.

Во Валенсија денеска беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, соопшти службата, додавајќи дека во околу 400 метеоролошки станици се забележани температури над 20 степени.

Ваквата температура е специфична за средината или крајот на јуни, односно во текот на летото, изјави портпаролот на метеоролошката служба.

Според Давид Корел, истражувач од Универзитетот во Валенсија, топлото време среде зима, која го зафати југоисточниот дел на Франција, е предизвикано од присуството на силен антициклон над Средоземното Море.

Шпанија се соочува со сè почести топлотни бранови, понекогаш и надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците.

Земјата веќе регистрира невообичаено висока температура во декември, со максимални 29,9 степени во Малага, што е национален рекорд за месец декември.

Топлотните бранови се јавуваат во контекст на тешка суша, особено во Андалузија и Каталонија на исток, каде властите воведоа рестриктивни мерки за потрошувачката на вода, по три години слаби врнежи дожд.

Во Каталонија, во средината на јануари, нивото на акумулации во кои се складира дождовницата за употреба во сушните месеци падна на 17 отсто од капацитетот. Доколку падне под 16 отсто, што се чини дека е неизбежно, властите нема да имаат друг избор освен да прогласат вонредна состојба, со дополнителни ограничувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мирчев го обвини Радев за молк за…

Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев упати остри критики…

Купувањето стан станува недостижно за Европејците

Купувањето сопствен стан станува сè поголем финансиски…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Израелски министер : „Во Франција веќе започна…

Израелскиот министер за дијаспора и борба против…

Се проширува војната: Египет одобри „секаква неопходна…

Египетскиот Совет за национална одбрана, предводен од…