Објавено на:

Шпанија ќе бара од ЕП да го прогласи каталонскиот јазик за прв официјален регионален јазик

t

Шпанската влада синоќа соопшти дека ќе побара од Европскиот парламент да ја разгледа можноста за употреба на каталонскиот, кој, доколку предлогот помине, ќе стане првиот европски регионален јазик во официјална употреба во таа европска институција.

Мадрид ќе претстави „технички и финансиски изводлив“ предлог до комисијата на ЕП во Брисел и ќе работи заедно на предложената промена.

Централните шпански власти и регионалната влада во Каталонија се надеваат дека предлогот ќе биде усвоен до крајот на годинава.

Шпанија е подготвена, доколку тоа го сакаат другите две регионални влади во Баскија и Галиција, да побара од ЕП да ги вклучи на листата на официјални јазици – баскискиот и галицискиот  јазик, сроден на португалскиот.

За еден јазик да стане официјален потребно е тоа исклучиво да го побара една земја членка на ЕУ и да добие зелено светло од Советот на ЕУ, објасни портпаролот на Европскиот парламент.

Каталонскиот, заедно со шпанскиот, е широко користен во Каталонија и во два други соседни региона. Каталонскиот јазик беше потиснат од употреба за време на диктатурата на генералот Франциско Франко од 1939 до 1975 година.

На листата на официјални јазици во ЕП во моментов има 24 јазици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…

102-годишна жена загина, а околу 90 лица…

Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…

Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…

Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…