Шпанската Влада одобри пократка работна недела

t

Владата на Шпанија, во договор со синдикатите, но без поддршка на најголемите здруженија на работодавците, одобри намалување работната недела од 40 часа на 37,5 часа без да се намалат платите.

Советот на министри денеска усвои нацрт-закон, кој двата најголеми синдикати (ЦЕОЕ и УГТ) го опишаа како историска мерка, од која потенцијално би имале корист 12 милиони работници.

Шпанската министерка за труд, Јоланда Дијаз истакна дека тоа е историски ден бидејќи е прво намалување на работното време во изминатите 40 години.

– Тоа не е само уште една економска варијабила, туку проект за земјата и мерка за модернизација на Шпанија, истакна лидерката на левичарскиот сојуз Сумар, Дијаз.

Додека најголемото здружение на работодавци ЦЕОЕ го отфрли предлог-законот и повика на постепено намалување на работното време и колективно договарање. Според нив мерката најмногу ќе ги погоди малите бизниси и самовработените.

Владата на Педро Санчез тврди дека најголемите придобивки ќе имаат работниците кои не се опфатени со колективни договори, што е најзастапено во секторите трговија, услуги и угостителство.

Предлог-законот треба да биде усвоен од Парламентот, каде Владата на Санчез ќе треба да ја обезбеди потребната поддршка. Законот може да се најде пред пратениците кон крајот на февруари или почетокот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода…

Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…

Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на…

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници…

Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…

Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…

Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…

Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…