Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и Хрват
Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и еден хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“.
Кокаинот е пронајден во зграда на имот во близина на морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран, пренесува Индекс.хр.
Брегот на Галиција, познат по своите карпести заливи, е една од важните области за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка.
Во последниве години, истражителите ја забележаа и соработката на локалните криминални групи со лица од земјите од поранешна Југославија – Црна Гора, Србија и Хрватска, и сега се обидуваат да откријат дали има поврзаност и со овој случај.
Уапсениот Хрват, според истражителите, имал улога на „нотар“. Станува збор за лице испратено од една од криминалните организации вклучени во шверцот за да ја надгледува операцијата и да ги заштити интересите на неговите налогодавци. Според полициските информации, неговата задача е, меѓу другото, да ја контролира испораката и количината на дрога и да провери дали се исполнети договорените услови.
Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат како кокаинот стигнал до брегот. Бродот со кој бил донесен сè уште не е пронајден, а се претпоставува дека дрогата пристигнала на локацијата непосредно пред полициската операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…