Шпанската полиција разби синџир на трговија со луѓе во кој биле експлоатирани повеќе од 1.000 жени

Шпанската полиција разби синџир на трговија со луѓе во кој повеќе од 1.000 жени беа принудени да работат во стриптиз клубови минатата година, откако одговориле на лажни понуди за работа, при што уапсиле 48 лица во југоисточна Шпанија, соопшти денеска полицијата.
Се наведува дека меѓу уапсените има тројца водачи на тој синџир, две Колумбијки и една Шпанка, како и дека во рамките на акцијата биле затворени три стриптиз клубови.
Полицијата, исто така, запленила повеќе од 150.000 евра во готовина и ги замрзнала банкарските сметки со 938.000 евра.
Шестмина осомничени се задржани во истражен притвор, а останатите се ослободени со кауција во очекување на почетокот на судењето, според полицијата, пренесе Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека на жените, кои главно биле од Венецуела и Колумбија, им било кажано дека ќе работат како чистачки или во козметички салони, но дека по пристигнувањето во Шпанија биле префрлени во стриптиз клубови каде што биле принудени да работат.
Се посочува дека на жените им било дозволено да излегуваат само по два часа дневно и биле држени под видео надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…
(Видео) Силно торнадо опустоши шпански град, жителка…
Силно торнадо уништи живописна улица во Позо…
Шпанската Влада одобри пократка работна недела
Владата на Шпанија, во договор со синдикатите,…
Разбиен е „балкански картел“ во Галиција, уапсени…
Со апсење на девет лица, шпанската полиција…
Во голема акција против трговија со дрога…
Шпанската полиција уапсила 31 лице во голема…