Објавено на:

Шпански весник тврди: Роналдо размислува да се врати во Реал Мадрид следната сезона

t

Шпанскиот спортски весник „Марка“ пишува дека Кристијано Роналдо во следната сезона би можел повторно да настапува за Реал Мадрид.

Португалецот минатата сезона ја помина во дресот на Манчестер јунајтед и беше најдобар стрелец на екипата, но англиските медиуми тврдат дека новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг не го сака во својот тим, додека пак Роналдо сака да продолжи да настапува во Лигата на шампионите.

Јунајтед не обезбеди пласман во ЛШ и Роналдо сериозно размислува за две опции, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон кој исто така ќе игра во елитното клупско натпреваување.

Иако и Рома е заинтересираната за Португалецот, „римската волчица“ нема многу големи шанси да го донесе Роналдо бидејќи тој според пишувањето на „Марка“ има голема желба да се врати во Мадрид.

Кристијано Роналдо девет години го носеше „кралскиот“ дрес, од 2009 до 2018 и освои четири европски титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вереницата на Роналдо со шокантно тврдење: Ни…

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се…

Парови се разведуваат но продолжуваат да живеат…

Становите во Мадрид се се поскапи и…

(Видео) Роналдо даде четири гола на еден…

Ал Наср со 4-0 победи на гостувањето…

(Видео) 200.000 демонстранти маршираа во Мадрид!

Најмалку 200.000 луѓе денеска маршираа во центарот…

Психопати насекаде: Жена претепала седуммесечно бебе во…

Седуммесечно девојче се бори за живот откако…