Објавено на:

Шпански судии ќе ја делат правдата на дуелот Македонија – Катар

t

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло на групната фаза, кое денес ќе се игра во Вараждин и Хернинг. 

Дуелот меѓу Македонија и Катар ќе го водат судии од Шпанија. АСОБАЛ-арбитрите со интернационална значка Игнасио Гарсија и Андреу Марин Љоренте се делегирани за дуелот меѓу Македонија и една од најдобрите азиски селекции. Шпанците му судеа на македонскиот првак минатата сезона против Алборг во Данска, а ја делеа правдата на уште неколку македонски клубови во Европа.

Делегати на натпреварот се Олесен од Данска и Забала од Аргентина.

Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра попладнево во „Вараждин Арена“ со почеток во 15:30 часот.

Извор: ГОЛ.МК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…